Политика, Финансии

Светот останува на младите

Или барем така велат… а, од тоа што ќе остане, голем дел ќе биде наследен. Големи наследства ја прават интересна листата на најмладите милијардери.

На прво место е Kevin David Lehmann, наследникот на империјата на dm – drogerie markt, која што има присуство и на македонскиот пазар.

На листата доминираат “наследниците”, но има и такви кои што сами го стекнале големото лично богатство. Сличен е случајот и на листата кај “постарите” милијардери.

Baby of the house

“Baby of the house” е неофицијалниот прекар кој што му се дава на најмладиот член на пратеничкиот состав, а традицијата потекнува од Британскиот парламент.

Тековниот македонски парламентарен состав, има доста млади пратеници, од кои 12 (или една десетина од вкупниот број) се под 33 години (за време на објавање на текстот).

Во регионот, единствено Албанија има помлада пратеничка во својот парламентарен состав.

Во светски рамки, најмлади пратеници од по 19 години има во Куба, во Гватемала и во пратеничкиот состав на Гвинеја.