Златни резерви или монетарно злато е златото што го поседува Централната банка, кое што главно е наменето за задржување на вредноста на резервите; како гаранција при плаќањата и како поддршка на вредноста на домашната валута.
Златото е важна компонента на резервите на Централните банки поради неговата безбедност, можноста за брза ликвидност и можноста за поголем поврат. Централните банки се значајни иматели на злато, кои што поседуваат околу една петтина од целото злато што е ископано низ историјата.

Најголеми златни резерви поседува САД, која што има повеќе од 8.000 тони на злато, што во вредност би биле еквивалент од околу 580 милијарди долари и истите претставуваат значаен дел од нивните вкупни резерви.
Потоа, следуваат Германија, Италија, Франција каде што златото учествува со околу 70% од вкупните резерви. Кина, која што има најголеми резерви од 3,5 трилиони долари, поседува и 2.200 тони злато кои што опфаќаат само 4,6% од вкупните резерви.
Вреди да се напомене дека ТОП 8 земјите кои што имаат најголеми златни резерви, поседуваат повеќе од 70% од вкупното монетарно злато.
Златниот ни регион
Во регионот, најголеми златни резерви има Грција, со 114 тони и кои опфачаат повеќе од половина од нивнит вкупни резерви. А, најголеми вкупни резерви има Романија, со околу 76 милијарди долари.

Потоа, следуваат Бугарија и Србија, кои што имаат по 40 тони монетарно злато. Македонија со своите 6,9 тони злато ја предводи “едноцифрената група”, пред Албанија со 3,4; Словенија со 3 и Босна и Херцеговина со 1,5 тон монетарно злато.
Интересен е фактот дека Хрватска не поседува монетарно злато, а дијаметрална спортивност на овој пример е Труција – која што поседува 570 тони злато и тие претставуваат 100% од нивните вкупни резерви.
Цената на златото
Цената на златото е речиси двојно зголемена во последните 10-тина години. Пред некој, беше постигнат и историскиот максиум, каде што една унца злато се тргуваше по просечна цена од 2.402 долари.
